Насловна / Вести / Новиот терминал на аеродоромот во Њујорк, ќе се напојува со 13.000 фотонапонски панели

Новиот терминал на аеродоромот во Њујорк, ќе се напојува со 13.000 фотонапонски панели

Новиот терминал на Меѓународниот аеродром John F. Kennedy во Њујорк, наскоро ќе се напојува преку најголемиот кровен соларен систем во овој град. Новиот проект се состои од систем со капацитет од 11,34MW електрична енергија која ќе се добива од фотонапонски панели и горивни ќелии, а поседува и батерии за складирање на енергија.  Горивните ќелии се поврзани со системот за греење и климатизација.

terminal1

Со вкупно 13.000 фотонапонски панели, овој систем штом биде целосно завршен ќе биде најголем во Њујорк, и најголем кога станува збор за било кој аеродром во САД. Кај системот ќе се издвојуваат повеќе меѓусебно поврзани „острови“ со засебни капацитети за складирање на енергија. Проектот ќе биде завршен до 2026 година. Што се однесува до јаглеродниот отпечаток, се очекува системот да генерира 38% пониски емисии на стакленички гасови. Новиот терминал е проектиран со цел да го унапреди искуството на патниците и да биде еден од најнапредните во светот.

terminal2

 

Испрати коментар

Scroll To Top