Во Службен весник треба да биде објавен изменетиот тарифен систем за продажба на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи, што минатата недела го достави Регулаторната комисија за енергетика. Потоа, ЕВН на терен треба да ги почне активностите за промена на тарифите на броилата на секое поединечно домаќинство. Компанијата врши софтверско прилагодување на системот.
Од ЕВН истакнуваат дека ќе треба време да се прилагодат броилата за евтината струја, за што ќе се работи по реони. Од компанијата велат дека процесот треба да заврши до крајот на октомври.
Владата го најави воведувањето на дневна евтина тарифа за потрошувачите во периодот од 14 до 16 часот од понеделник до сабота, а во недела во текот на целиот ден.
За оваа мерка ќе се издвојат осум милиони евра. Струјата нема да поскапи, тврди премиерот Заев.