Насловна / Арт и дизајн / Новиот SUV Dacia Bigster стигнува годинава

Новиот SUV Dacia Bigster стигнува годинава

Додека компактниот Sandero руши рекорди во продажбата во Европа како најпродаван модел, па стана број 1 дури и во Франција, и додека трае лансирањето на новиот караван Jogger, Dacia неуморно подготвува нов модел во SUV сегментот. Станува збор за сериска верзија на минататa година претставениот концепт Dacia Bigster, кој ќе биде модел со хибриден погон. Иако финалниот изглед сеуште не е познат (рендерот покажува како би можел да изгледа) извесно е дека нема да биде многу различен од концептната верзија.

bigster1

bigster2

Ентериерот е многу простран и со седум седишта, а поставен е на платформата CMF-B која веќе ја користат  Logan и Sandero, Renault Clio и Captur, како и Nissan Juke и Note. Тој потег и обезбедува на Dacia пониски трошоци за производство што посредно значи и пониска цена на производот на пазарот. Во однос на погонот, најверојатно ќе бидат понудени верзии со плин ECO-G 100, додека најмоќниот мотор веројатно ќе биде позајмен од Renault Captur – 1,3-литарски 4- цилиндерски бензинец TCe од 130 hp. Хибридната верзија ќе ја користи технологијата од Clio E-Tech и новиот Jogger, а тоа е бензински 1,6 мотор од основни 91hp, поврзан со електромотор од 36hp. И покрај актуелната најнова технологија на Renault, Dacia и натаму се држи до својата достапност што се однесува на цените, па се очекува цената на Dacia Bigster во старт не би требало да надминува 23.000 евра.

bigster3

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top