Последниот компјутерски изум на Apple се случи пред една деценија. Стив Џобс го откри најтенкиот, најлесниот компјутер што некој некогаш го видел.
Од тогаш, напредокот на Apple беше бавен, и не секогаш се чувствуваше како напредок. Новиот MacBook е погладок и Air, но доаѓа со контроверзна нова тастатура и перформанси кои се вистински предизвик. MacBook Pro има TouchBar и висока цена, меѓутоа ниту едно од овие не помина добро. А The Air е одличен, меѓутоа Apple не го има допрено повеќе од две години. iMac е потенок, меѓутоа во основа е ист.
Но, Apple покажа дека уште се грижи за компјутерите. Го лансира новиот iMac Pro, моќен, 5K кој ја поседува изјавата: „Ако ви треба суперкомпјутер, тогаш Apple е компанијата која го произведува“. iMac Pro има процесор од 22 teraflops, меморија до 128 гига и четири терабајти простор за складирање на податоци. Има и нов термички систем за ладење со два вентилатори, а дури има и нова тастатура и „trackpad“ кои се совпаѓаат.
Цената на компјутерот е 4.400 eвра, и дефинитивно машина која нема да биде потребна за секојдневно користење.
Исто така, компанијата најави дека ќе направи надградба на сите модели на MacBook и iMac. Најголемата промена се процесорите, а најниската цена за MacBook Pro и Retina iMac е 1.150 евра.