Новиот блок во словачката нуклеарна електрана Mochovce, единицата бр.3, со инсталирана моќност од 471 MW, ги прави подготовките за пуштање во редовна работа. Пуштањето во погон на овој енергетски капацитет е планирано за почетокот на 2023 година. Блокот ќе произведува годишно околу 3,7 TWh, покривајќи 13% од словачката потрошувачка на електрична енергија. Компанијата која управува со оваа електрана е во заедничка сопственост на словачката влада, италијански Enel и чешката енергетска група EPH. „Контролираната фисиска реакција веќе е во тек во реакторот, иако неговата моќност е многу блиску до нула“, изјавил генералниот директор на Slovenské elektrárne.
