Јапонскиот уметник Кацушика Хокусаи еден од најзначајните уметници во стилот укијо-е ја создал својата позната серија отпечатоци на дрво наречена „Триесет и шест погледи на планината Фуџи“ од 1830 до 1832 година. Неговото најславно дело „Големиот бран кај Канагава“, минатата година е продадено за 1.6 милиони долари преку аукција на Christie’s, а компанијата Лего понуди верзија од коцки која можете сами да ја направите и изложите во вашиот дом.
Комплетот Great Wave Lego вклучува 1.810 парчиња кои во живописна форма повторно го замислуваат делото на Хокусаи како тродимензионална ѕидна уметност. Оригиналната креација на уметникот е отпечаток од дрво со мастило и суптилни нијанси на беж, бела и сина боја. Неговиот пандан во итерацијата на Lego ја засилува живоста со повеќе заситени бои и својата препознатлива текстура. Шест платнени панели, два висечки елементи, сепаратор од тули и украсна плочка со потписот на Хокусаи го сочинуваат пакетот.
Комплетот доаѓа со илустрирани упатства кои ве водат низ процесот на изградба и даваат повеќе детали за делата на Хокусаи. На кутијата, исто така, ќе најдете QR-код што ве води до саундтракот осмислен од Lego за да ви помогне да се опуштите додека го правите сетот — или потоа го гледате.
Оригиналното дело на Хокусаи прикажува рибари во три чамци со висок бран кој се спрема да се сруши над нив.
Хокусаи имал повеќе од 70 години кога го создал „Големиот бран кај Канагава“, а еден документарецот на Би-Би-Си сугерира дека делото можеби го претставувало неговиот личен живот откако неговиот внук наводно ги прокоцкал сите негови пари. Делото може да има и општествено-историски импликации, бидејќи некои веруваат дека го симболизира јапонското општество во тоа време. Без оглед на интерпретацијата, Лего имал една цел за создавање на уметничкото дело-играчка: да им даде на возрасните шанса да се препуштат на „креативната радост“. Се чини дека Лего не се само за деца.