Насловна / Архитектура / Новиот проект на Snøhetta – симбол за синергија помеѓу културата и образованието

Новиот проект на Snøhetta – симбол за синергија помеѓу културата и образованието

Во јуни 2021 година, Snøhetta, во соработка со Econor, 70°N architur и архитектoт Џоар Нанго победија на меѓународниот натпревар за нов национален театар и средно училиште (Sámi Našunálateáhter).

Проектот, познат како Čoarvemátta, почна да се реализира пред пет месеци и се очекува да биде завршен до крајот на 2024 година. Лоциран на периферијата на Каутокеино, општина која се смета за центар на културата на Сами, Норвешка.

2

Архитектонското биро Snøhetta неодамна го отвори и „The Lantern“, поморски центар на брегот на Есбјерг, Данска. Објектот е замислен како простор за социјализација на клубови за спортови на вода и за останати посетители на пристаништето, обезбедувајќи му на крајбрежниот град поморски социјален центар.

Областа, е исто така дом на многубројни институции, меѓу кои и универзитетскиот колеџ, нордискиот институт и парламент. Вкупното население во Сами се проценува на околу 80.000 луѓе и тие се сметаат за потомци на номадските народи кои илјадници години ја населувале северна Скандинавија.

4

Новата интервенција на Snøhetta е посветена на одгледувањето ирваси, како важно обележје на градот Сами, инкорпорирано во културата, уметноста, и во традиционалните занаети. Со имплементирање на горенаведените функции под ист покрив преку создавање на мултифункционални простори, архитектите се обидуваат да создадат синергија помеѓу случајните посетители, театарот и училиштето, истовремено поттикнувајќи ја врската помеѓу архитектурата и пејзажот. Концептот на проектот е да се интерпретира архитектурата преку мноштво референци на локални занаети, материјали и природниот контекст. Брановидните линии и материјалноста на фасадата ќе ја направат совршено да се вклопи во околниот пејзаж, избегнувајќи остри агли кои видливо ја раскинуваат врската со природните облици на пејзажот.

3

Централната сала создава интуитивна точка на собиралиште за сите корисници, генерирајќи простор за низа активности како што се готвење, танцување итн. Од фоајето, програмскиот наратив се протега во три насоки, создавајќи автентичен визуелен идентитет спојувајќи функции, додека истовремено ги поврзува со околниот контекст.

6

Формативноста на објектот е своевиден одговор на потребите на корисниците за различните намени во ентериерот и екстериерот. На југозападната страна, интервенцијата комуницира преку впечатливиот главен влез и преден двор, додека брановидните џебови околу габаритот постојат за да се создаде непречена транзитивност во и надвор од објектот. Социјалните простори се видливи и достапни за посетителите кои циркулираат околу крајбрежјето.

5

Испрати коментар

Scroll To Top