Грандиозниот објект, дело на Jaques Ferrier Architecture, е завршен неодмна и навистина плени со несекојдневниот спој на традиционалната кинеска архитектура и модернизмот. Се простира на површина од 19 илјади метри квадратни.
Прекрасно се вклопува во пејзажот и со пространи патеки ненаметливо се испреплетува со околината. Објектот опфаќа основно, средно училиште и колеџ. Влезовите за учениците за секоја од институциите се одвоени, со пасажи во внатрешноста на објектите преку кои можат да се движат непречено во секое од училиштата персоналот и наставниците.
Фасадата е навистина оригинална. Таа е двослојна со надворешен слој од дрвени елементи, со што се имитира традиционална кинеска куќа, а истовремено се овозможува доволно природна светлина низ внатрешниот транспарентен слој.