Реномираното архитектонско биро Foster + Partners го претстави својот најнов комерцијален проект во близина на светски познатиот, дијагонален пешачки премин Шибуја во Токио.
Според изнесените плановите, десеткатната стоковна куќа наречена Shibuya Marui Department Store ќе стане нов малопродажен простор за брендови кои го потенцираат одржливиот животен стил.
Инспирацијата од јапонските техники
Дизајнот на новопроектираниот трговски центар е во согласност визијата за максимално користење на дневната светлина и пасивен термички комфор, и тоа со користење на природни материјали.
Инспирирана од традиционалните јапонски градежни техники, зградата има дрвена структура која ги намалува емисиите на јаглерод и создава препознатливо присуство на еден од главните правци во градот, пишува ArchDaily.
Западната фасада на зградата, која гледа на патот Коен Доиа, комбинира нагласена дрвена структура со дрвена ограда.
Со тоа се постигнува оптимален сооднос на застаклување на фасадата, со што се намалува соларната добивка. Од друга страна, сервисното јадро е лоцирано на исток, што дополнително ја намалува вкупната топлинска добивка.
На објектот се воспоставени визуелни врски помеѓу кровната градина исполнета со зеленило и неодамна отворениот парк Мијашита, како и околните области.
Зелени ѕидови на приземје
Планирано е кровната градина да содржи и кафуле и ресторан, а има потенцијал да вклучи и урбана фарма за храна во иднина.
На нивото на приземје, северниот и јужниот влез водат во зона на вертикална циркулација на исток преку уредени бамбусови патеки и зелени ѕидови, што потоа води до продажните простори.
Внатре, објектот содржи малопродажни единици со отворен план, што ги карактеризираат дрвени подови и плафони.