Најновиот облакодер на Лос Анџелес, Wilshire Grand, е отворен за јавноста минатиот викенд, заработувајќи го притоа епитетот на највисока зграда во САД западно од Мисисипи.
Проектирана од страна на AC Martin Partners, ова здание носи една драматична промена во архитектурата на облакодерите во Лос Анџелес, како прв облакодер изграден по Одлуката на градот од 2014 за напуштање на обврската сите високи згради задолжително да имаат рамен покрив наменет за хелиодром.
Облакодерот има 73 ката, и домаќин е на хотелот InterContinental со 889 соби.