Во Варашава е изграден нов највисок облакодер во Европската унија. Наречен е Varso Tower, а проектиран е од страна на студиото Foster + Partners и се издигнува на импресивна височина од 310m. Внатрешноста има околу 67.000 квадратни метри, на 54 ката со капацитет за 11.817 луѓе. Кулата е предвидена главно за канцелариски простор, иако содржи и затворен плоштад со повеќе стебла и уметнички дела.
На 53-тиот кат се наоѓа највисокиот видиковец во Полска од каде се пружа фантастичен поглед на градот, додека на 49-тиот кат е сместена пространа тераса со бар и 16 стебла. Облакодерот има добиено BREEAM стандард за зелена градба за својата енергетска ефикансост. Обложен е со тројно стакло со високи перформанси, додека дождовницата се собира за да се користи за наводнување. Досега највисокиот облакодер во ЕУ беше гермаската кула Commerzbank, исто така проект на Foster + Partners.