Насловна / Архитектура / Новиот Национален поморски музеј на Кина

Новиот Национален поморски музеј на Кина

Националниот поморски музеј на Кина (National Maritime Museum of China) се наоѓа на северот на Кина, во близина на градот  Тијанџин. Во музејот се сместени нови и историски поморски предмети со фокус на славење на достигнувањата на кинеските поморски истражувања низ вековите.

10_resize 2_resize

Музејот со површина од 80.000 квадратни метри е проект на бирото Cox Architecture, победник на меѓународниот архитектонски конкурс во 2011 година. Објектот може да се пофали и со значајна енергетски ефикасна технологија, вклучувајќи соларна енергија и собирање на дождовница.

9_resize

Националниот поморски музеј на Кина се состои од пет хали насочени кон пристаништето кои се  конвертираат во хала која е централно предворје. Халите се на три ката меѓусебно поврзани. Основната конструкција се состои од 17.000 тони челик, а надворешноста е прекриена со 3.500 квадратни метри стакло и 55.000 квадратни метри алуминиум. Најдолгиот конзолен дел изнесува речиси 42 метра.

6_resize 12_resize

Секоја сала е посветена на различен аспект на морското наследство на Кина. Овие аспекти вклучуваат природа и океани, светска поморска цивилизација, кинеска морска култура и историски пловила. Има и привремена сала за изложби и простор за јавно образовни, деловни, истражувачки и кустоски содржини.

11_resize

Од Cox Architecture велат дека четири крила се фокусурани на одредени теми. Првото крило се однесува на „древниот океан“, второто на „океанот денес“, третото на „откритија“ и четвртото на „времето на змејот“.

13_resize

Музејот е соочен со „поморска плоштад“ каде поморските и други настани на отворено активно го вклучуваат музејот во градот. На поморската плажа се наоѓа рибарско-занаетчиско село и морска ботаничка градина.

3_resize

Ова сегментирање на салите и поморскиот плоштад, овозможува објектот да не делува како монолитна градба, велат од Cox Architecture.

7_resize

Кинеската влада сакала да го изгради музејот во рок од две години. За да се успее во тоа техниките за параметарско моделирање биле користени во соработка и со помош на компанијата Arup. Sидовите и кровот се состојат од префабрикувани, дијагонално појачани ребра и облоги, формирајќи школки што можат да се вградат пред подигнување на горните катови.

8_resize

15_resize

Музејот е отворен во мај 2019 година. Проектот има за цел да стане катализатор во зајакнувањето на свеста на кинеската јавност за заштита на морето, морските истражувања и морската култура.

Овој проект е завршен во соработка со Институтот за архитектура и дизајн Тијанџин.

14_resize 4_resize 5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top