Насловна / Архитектура / Новиот музеј Istanbul Modern на Ренцо Пиано се отвори за јавноста

Новиот музеј Istanbul Modern на Ренцо Пиано се отвори за јавноста

Новата зграда Istanbul Modern на Ренцо Пиано, најголемиот турски музеј на модерна и современа уметност, се отвори на 4. мај.

2

На брегот на Karaköy – еден од најстарите квартови во Истанбул, каде што се спојуваат Босфорот и Златниот рог – новиот Istanbul Modern проектиран од Renzo Piano Building Workshop зафаќа површина од 10.500 квадратни метри.

9

Обликот на зградата, првиот проект на Ренцо Пиано во Турција, е инспириран од блескавите води на Босфорот и неговите сјајни рефлексии. Осврнувајќи се на историјата на местото, кое со илјадници години се користело како пристаниште, контурите на зградата евоцираат нешто помеѓу брод и суштество од морето, кое се чини дека штотуку искочило на брегот. Фасадата се состои од низа 3Д алуминиумски панели кои си играат со сончевата светлина, создавајќи школка што се прелива која потсетува на рибни крлушки.

1 11

Функционалната дистрибуција на музејот е проектирана на начин да одговора на неговиот контекст. Во транспарентното приземје се сместени музејската библиотека, просторите за образование и настани, кафуле и музејска продавница „False Ceiling“ (2005) на Richard Wentworth и една од култните постојни инсталации од поранешната зграда, ги пречекуваат посетителите.

8

Широките централни скали што ги водат посетителите до музејските збирки, содржат троделна инсталација на Olafur Eliasson специфична за локацијата насловена „Вашето неочекувано патување“. Висејќи во воздух, си поигрува со светлината и чувството на посетителите за простор.

10

Фотографии и pop-up галерии и ресторанот со панорамски поглед на Босфор ги претставуваат главните атракции на првиот кат на зградата, додека на вториот кат е сместена галеријата на сталната колекција на музејот. Музејот, исто така, располага со аудиториум со 156 седишта за филмски проекции и интердисциплинарни настани, заедно со тераса што нуди поглед на градот.

0

Istanbul Modern се отвори со пет нови изложби, од кои секоја дополнително ќе биде развиена преку публикации и образовни ресурси. Програмата ја истакнува колекцијата со претставување дела на некои од модерните и современи уметници на Турција, како што се Fahrelnissa Zeid, Sarkis, Ayşe Erkmen, Gülsün Karamustafa, Nil Yalter и İnci Eviner заедно со меѓународно познати имиња. На влезот на библиотеката на музејот, изложбата „Genius Loci“ нуди преглед на архитектонскиот јазик на Ренцо Пиано и детално го испитува процесот на проектирање и структурните компоненти на Istanbul Modern.

12 4 5 6 01

Испрати коментар

Scroll To Top