Преку проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион-Креатива“ кој е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ, во Штип во 2014 година почна да се гради мултимедијален центар во Суитлак на местото на некогашното летно кино. Носител на проектот е Центарот за развој на Источниот плански регион со седиште во Штип и народното читалиште „П.Р.Славејков-1938“ од с.Брезница, Општина „Гоце Делчев“ од Бугарија.
Вредноста на проектот е 448.840 евра, од кои Општина Штип ќе добие 300.000 евра (половина се инвестиција на локалната самоуправа) а бугарската страна 148.000 евра. Градежните активности преку тендерска постапка ги реализира штипската фирма „Актива“. Се очекува могу бргу да биде промовиран овој мултимедијален центар во Штип во кој има и нова сала за проекции, сала за состаноци и едукација и друго. Намерата е во овој мултимедијален центар да биде сместена дирекцијата и одговорните за културните настани во градот како што се „Штипско културно лето“, „Макфест“ и други, а кои се реализираат од Општина Штип.