Некогаш еден од најубавите студентски домови во нашата земја, студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје со години наназад полека се распаѓаше поради негрижа и недоволна посветеност за негово одржување.
Студентите кои што престојуваа во просториите на студентскиот дом беа соочени со мизерни услови на живеење, меѓутоа Министерството за образование и наука покрена постапка за негово реновирање. За сега завршен е проектот за реконструкција и санација на блокот „Б“ каде што променети се старите прозорци, парното греење и лифтовите, се монтира нов функционален мебел кој ќе ги задоволи потребите на студентите, нови санитарии и поставен е безжичен интернет. Се очекува во нареднот период да се распише конкурс за реконструкција на блокот „А“, а подоцна и за блоковите „В“ и „Г“.
,,Мора да се има во предвид фактот дека неопходно е да постои добра организација и паралелно со градежните активности и сместувањето на студентите заради капацитетите. Ние можеме и да го затвориме целиот студентски дом, меѓутоа во тој случај повеќе од 1.300 студенти ќе останат без можност да бидат сместени. Затоа мораме да одиме етапно и со сместување и со реконструирање”, истакна Ристоски.
Целосната реставрација на студентскиот дом се очекува да биде завршена кон крајот на 2016 година или почетокот на 2017 година.