Насловна / Арт и дизајн / Новиот изглед на норвешките банкноти

Новиот изглед на норвешките банкноти

snohetta-norways-new-banknotes-07

По конкурсниот натпревар што го организира Централната банка на Норвешка, беа избрани дизајните за новиот изглед на банкнотите на земјата, на чија заднина се наоѓаат графики од архитектонското студио Snohetta, а на предната страна од графичкото студио The Metric System. Избраните тимови заедно со Норвешката банка ќе направат фина адаптација на шемите за да се внесат безбедносни елементи. Новите банкноти треба да бидат издадени најрано во 2017 година.

snohetta-norways-new-banknotes-09
Базирано на тема „Убавината на границите“, Shohetta создаваат графички јазик препознатлив за пејзажите на Норвешка, а особено долгото крајбрежје – „транзицијата меѓу морето и копното“. Дизајнот на заднината на банкнотите е организиран како пикселни композиции, кои двојно ги претставуваат и дигиталните и аналогните снимки. На апстрактен начин, мозаичните мотиви алудираат на динамичните природни сили како ветар и бранови, а се организирани во читливи хоризонтални линии.

snohetta-norways-new-banknotes-05 snohetta-norways-new-banknotes-04
Овие кубични модели ќе бидат надополнети со предлог-дизајнот на The Metric System, за предната страна на банкнотите на тема „Норвешките простори за живеење“. Дизајнот користи типични нордиски слики, како светилник, рибарски брод, историскиот викиншки брод како и други претстави на животот на море.

snohetta-norways-new-banknotes-03 snohetta-norways-new-banknotes-02 snohetta-norways-new-banknotes-01

Испрати коментар

Scroll To Top