Насловна / Вести / Новиот електричен BMW i4, сериозен конкурент на Tesla

Новиот електричен BMW i4, сериозен конкурент на Tesla

BMW неодамна го претстави концептот за својот потполно нов електричен модел BMW i4, кој ќе се најде во продажба на крајот на годинава. Германскиот бренд засега сеуште внесува промени пред пуштањето во производство, иако се очекува производниот модел да биде речиси идентичен со претставениот на јавноста концепт. Исто како и концептот, производниот модел на i4 го движи еден мотор со 530 коњски сили, па забрзувањето од 0 до 100km/h е можно за 4 секунди. Со едно полнење на батеријата може да се минат околу 600km, со што BMW i4 го надминува Tesla model 3.

Кога станува збор за надворешноста на BMW i4, тој модел ќе биде беспрекорно аеродинамичен. Благодарение на паметните аеродинамични уреди кои го намалуваат отпорот на воздухот, i4 ќе може лесно да се движи без преголемо оптоварување на моторот. Дури и кваките на вратите се така дизајнирани за да се постигне максимална аеродинамичност – наместо да бидат истурени како на досегашните модели, тие сега се вклопени во каросеријата. Бидејќи веќе не е потребно ладење на мотор со внатрешно согорување, предната маска на овој модел е целосно затворена. Внатрешноста на претставениот концепт остава без текст: Тизер фотографиите најавуваат комфорен и удобен енетериер. Прегледниот екран со паметен HMI систем ќе гарантира безбедно возење, а звучните ефекти се дело на композиторот на филмска музика Ханс Цимер.

bmwi41

bmwi42

bmwi43

 

Германците се секогаш внимателни кога станува збор за целосниот премин на производство на електрични возила, па користат флексибилни платформи кои можат да ги поддржат сите видови автомобили. BMW i4 ќе биде заснован на CLAR  платформата, која оваа компанија ја разви во 2015 година, а која поддржува бензинци, дизелаши, хибриди и електрични автомобили. Доколку светот во целост премине на електрични возила, како што се најавува, BMW ќе започне да произведува наменски платформи исклучиво за нив, но засега германскиот бренд ги остава отворени сите опции. Иако цената на овој електричен модел сеуште не е потврдена, светските медиуми пренесуваат дека таа ќе биде случна со онаа на Tesla model 3, односно околу 50.000 евра.

bmwi4glavna

 

Испрати коментар

Scroll To Top