Насловна / Вести / Новиот електричен автомобил од Крагујевац ќе чини 15.000 евра

Новиот електричен автомобил од Крагујевац ќе чини 15.000 евра

Во фабриката во Крагујевац ќе се произведува нова генерација на електрични возила, соопшти групацијата Stellantis, мултинационална компанија создадена во 2021 година, со спојувањето на италијанско-американскиот конгломерат Fiat Chrysler Automobiles (FCA) и француската PSA група. „Пандина“ е називот на моделот, кој би се разликувал од постоечката „Панда“, која ќе се произведува во торино до 2026 година. Ако нема нови барања во врска со моторот со еуро7 стандард, производството ќе може да продолжи до 2027 година. Електричниот пандан на овој модел ќе с епроизведува на три континенти: во Европа во фабриката во Крагујевац, во фабриката Бетим во Бразили во Мароко. „Пандина“ ќе биде флексибилно електрично возило по достапна цена, односно 15.000 евра.

pandina1

Во фабриката на Stellantis во Крагујевац до минатата година се произведуваше Fiat 500L. Работниците од Крагујевац веќе ја имаат завршено обуката, со што ова ќе биде првата фабрика за електрични возила на Балканот. Минатата година Stellantis потпиша договор со српската влада, кој предвидува инвестиција од 190 милиони евра.

pandina2

 

Испрати коментар

Scroll To Top