Насловна / Архитектура / Новиот дом за фондацијата Delfina – пресврт помеѓу минатото, сегашноста и иднината

Новиот дом за фондацијата Delfina – пресврт помеѓу минатото, сегашноста и иднината

Delfina_Foundation_Townhouse (10)
Придржувајќи се до суштинскиот концепт на функционирање на фондацијата Delfina, како давател на простор за творештво на секој артист, при реновирањето на двете доцно викторијански резиденции, сместени во Лондон, архитектонското студио Octopi успеало да ја задржи пријатната домаќинска атмосфера во внатрешноста.
Delfina_Foundation_Townhouse (5)
Дизајнот, пак, произлегува од идејата за јукстапозиција помеѓу приватните и јавните простори за чија меѓусебна интеграција и визуелна конекција се изведени стаклени површини на подовите и ѕидовите.
Delfina_Foundation_Townhouse (16)  Delfina_Foundation_Townhouse (14)
Со обезбеден флексибилен работен простор за артистите, петкатната структура располага со експанзивна галерија и работен простор во сутеренот, рецепција, кујна и трпезарија на приземјето, канцеларии и библиотека на првиот кат, додека резиденцијалните едници ги окупираат последните два ката.
Delfina_Foundation_Townhouse (13)
Заземајќи ја и улогата на археолози, студиото Octopi креирало средина која зрачи со беспрекорна скромност, слоевитост и контекстуалност, соголувајќи ги орнаментацијата и завршната обработка, со цел да ја разоткрие вештата изработка на објектот.
Додека детализирањето е дискретно и навидум ексцентрично, новите интерполации се изведени преку игра на светлина во умерен стил.
Delfina_Foundation_Townhouse (8) Delfina_Foundation_Townhouse (7)
При дефинирањето на новите отвори, ѕидната обработка од тула е оставена соголена, како и бетонските надвратници кои се задржани во првобитната природна состојба. Оставајќи ги материјалите необработени и груби, архитектите иницираат на сеќавањата и мемориите за објектот.
Delfina_Foundation_Townhouse (1) Delfina_Foundation_Townhouse (15) Delfina_Foundation_Townhouse (6)
И двете структури кои се предмет на реобнова зрачат со чувството на перманентност, поврзувајќи ги сегашноста и минатото и повремено гледајќи напред кон случувањата во возбудливата иднина.
Delfina_Foundation_Townhouse (4)

Испрати коментар

Scroll To Top