Еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ, неодамна купи луксузен апартман во елитниот комплекс Eighty Seven Park во Мајами. За раскошниот нов дом со неверојатен ентериер и поглед на Атланскиот Океан, тенисерт одвоил 8,9 милиони долари. Во склад со неговата посветеност на екологијата, одржливиот и вегански начин на живот, домот на Новак целиот е во стакло со прозорци од подот до таванот. Подовите се од бел даб, бањите се обложени со мермер, а кујнските плочи се изработени од вулкански камен. На семејството Ѓоковиќ на располагање му се базен, спа центар, библиотека и приватен парк. Зградата е проектирана од страна на славниот Ренцо Пијано.