Новиот атом на железо, може да функционира истовремено и како фотокатализатор за произдодство на гориво, и во соларните ќелии за производство на електрична енергија, заменувајќи ги скапите и ретки метали кои денес се во употреба.
Научниците се во потрага по разни нови и невообичаени извори за производство на енергија, делумно мотивирани и низ академски и истражувачки предизвици, а делумно со цел воспоставување на нови начини на производство на електрична енергија.
Неодамна, научниците открија нов вид на железен атом со ветувачки фотокаталитички особини, кој може да обезбеди големи бенефити и во однос на развојот на соларните ќелии, и во однос на производството на гориво. Секако, ова се очекува да има големо влјание врз индустријата со оглед на достапноста и ниската цена на железото.
Истражувањето е секако добра вест, имајќи ги предвид моќните и непобитните бенефити од соларната енергија, но исто така мора да се обезбедат и соодветни материјали зад оваа технологија кои ќе се вклопат во економски исплатлива и одржлива рамка. Деталите за оваа студија се презентирани во трудот насловен Luminescence and reactivity of a charge-transfer excited iron complex with nanosecond lifetime, кој е објавен на 29 ноември 2018 во Science journal.