Компанијата BlackBerry е целосно посветена на Android платформата, па во блиска иднина ќе се појават уште неколку модели со овој оперативен систем.
По минатогодишниот модел BlackBerry Priv, компанијата сега работи на вториот Android модел кој ќе се вика BlackBerry Neon, и кој ќе припаѓа на средната класа на уреди. Она што се приметува е дека овој модел го нема карактеристичниот BlackBerry дизајн.
Neon ќе има 5,2 инчен 1080р екран и Qualcomm Snapdragon 617 процесор, како и 3GB RAM меморија. Покрај тоа, смартфонот ќе има и 16 GB простор за складирање податоци, главна камера од 13 мегапиксели, предна со осум мегапиксели, како и батерија од 2610 mAh со Qualcomm Quick Charge 2.0 функцијата.
Телефонот треба да се најде во продажба во текот на следниот месец, а ќе чини околу 350 долари.