Во Турција се во тек низа активности за детално истражување на две големи наоѓалишта на јаглен, од кои едното е лоцирано во поширок регион чии резерви се проценети на 1,8 милијарди тони. Со експлоатацијата на овие наоѓалишта се создаваат услови за изградба на две нови термоцентрали со поединечен инсталиран капацитет помеѓу 5000 и 7000 MW. Со тоа би се обезбедиле околу 13000 MW дополнителен исталиран капацитет во националниот електроенергетски систем.
Овие активности се во согласност со владината политика за намалување на увозот на енергија и искористување на домашните ресурси. Вкупниот инсталиран капацитет во Турција во моментот изнесува 60000 MW.
Извор: elektroenergetika.info