Насловна / Вести / Нови стандарди на ЕУ, каде е најдобра водата за пиење?

Нови стандарди на ЕУ, каде е најдобра водата за пиење?

Европската Комисија усвои нови минимални хигиенски стандарди за материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со водата за пиење, што е значаен чекор кон унапредувањето на квалитетот на водата за пиење во цела Европска Унија. Одлуката стапува на сила на 31-ви декември 2026 година. Новите норми ќе се однесуваат на широк спектар на материјали и производи, вклучувајќи ги и цевките з аснабдување, вентилите, пумпите и другата опрема која се користи во процесот на водоснабдување и обработка на водата. Со овие стандарди, водата за пиење станува побезбедна. Во оваа смисла треба да се истакне дека земјите од ЕУ се секако во врвот во однос на квалитетот на водата за пиење. Некои од земјите се наоѓаат во планински делови со чисти извори, но покрај тоа, тие вложуваат во технологија за обработка на водата. Истражувањата покажуваат дека во скандинавските земји, исланд, Австрија, Ирска, Грција, Малта, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Германија и Велика Британија, граѓаните слободно можат да пијат вода од чешма. Од друга страна, ова не е сликата на целата Планета. Голем дел од популацијата, особено кога станува збор за земјите од Африка, имаат проблем со чистата вода за пиење. Овие земји често немаат ниту инфраструктура.

water1

Една од клучните предности на новите правила е значителното намалување на административниот товар за произвоителите на релевантните патеријали и опрема. Сега со едно одобрение ќе можат да продаваат низ цела ЕУ. Во согласност со новите стандарди, материјалите и производите ќе добиваат посебна ЕУ изјава и ознака.

 

Испрати коментар

Scroll To Top