Европската Унија планира од јуни 2016 година да воведе нови стандарди за енергетската ефикасност на LED телевизорите со голем екран. Овие стандарди ќе бидат построги од постоечките, а освен телевизорите ќе бидат опфатени и компјутерските монитори. Исто така, ќе биде обезбедено рециклирање за повеќе компоненти.
Претставникот на Европското биро за екологија истакна дека е задоволен што се разговара за нови стандарди во областа на енергетската ефикасност. Телевизорите трошат околу 10% од енергијата во едно домаќинство, а со носењето на новите стандарди се очекува потрошувачката на електрична енергија во ЕУ да се намали за 42%. Се планира овие стандарди постепено да се воведат и за другите апарати за домаќинство.