Насловна / Арт и дизајн / Нови препреки за Tesla Cybertruck

Нови препреки за Tesla Cybertruck

Производството на Teslа Cybertruck првобитно беше планирано за 2021 година, потоа поместено за 2022, а сега дури за 2023 година.  Овој гломазен камионет требаше да се појави на пазарот по цена од 39.900 американски долари. Меѓутоа, главниот извршен директор на компанијата Илон Маск, сега најави дека техничката спецификација и цената на возилото нема да бидат исти како првично најавуваните. Тој вели дека разни економски проблеми влијаеле на нивните планови за претставувањето на cyber камионетот.

FILE PHOTO: Tesla's Cybertruck is displayed at Manhattan's Meatpacking District in New York City

“Претставен е во 2019 година, и од тогаш многу работи се променија“, рекол Маск. „Мразам што морам да соопштам лоши вести, но нивото на инфлација и разни други проблеми никој не можеше да ги предвиди. Сепак, ве уверувам дека тоа ќе биде ѓаволски добар производ“, додал тој.

sybertruck2

Tesla Cybertruck е електричен лесен камионет кој теоретски може да забрза од 0 до 100 km/h за помалку од 3 секунди. Необичното возило привлече големо внимание на интернет со својот футуристички  аголен облик, но неколку години подоцна сеуште е неизвесно кога ова возило ќе се појави ан улиците. Во последната најава, Маск посочува на средината на 2023 година. Но, со оглед на евидентните препреки, и овој датум изгледа неизвесен.

 

Испрати коментар

Scroll To Top