Екипи на ЈП „Улици и патишта Скопје“, одговорни за одржување на светлосната сигнализација во градот, ги пуштија во функција новите портални семафорски столбови на крстосницата помеѓу улица „Ѓорче Петров“ со улица „Сарај“.
Семафорските портални столбови се поставени по налог на Град Скопје, а со цел зголемување на безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот.