На две локации во Општина Аеродром се прават нови паркови.
Нова зелена површина се гради на булеварот Трета македонска бригада спроти Американ колеџ. Паркот ќе биде хортикултурно уреден со дрвја, патеки и нова урбана опрема.
“Набргу општината ќе биде збогатена со нови паркови на повеќе локации. Наш приоритет е подигнување што поголем број зелени површини“, велат од Општина Аеродром.
Стар Аеродром наскоро ќе биде збогатен со нов парк што ќе се протега покрај улицата Методија Шаторов-Шарло.
Урбаниот парк, на површина од 3.200 квадратни метри, ќе понуди зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште.
Во наредниот период во Општина Аердром се планира изградба на повеќе урбани паркови на различни локации на ниво на целата територија.