Во рамките на проектот „Младите на велосипед“, деновиве во повеќе средни училишта на градот Скопје беа поставени нови паркинзи за велосипеди. Станува збор за проект со кој во средните училишта „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“ и „Михајло Пупин“ се поставија паркинзи за 10 велосипеди, вкупно 30 нови паркинг места.
Проектот „Младите на велосипед“ е реализиран од страна на здружението „Гоу Грин“, а финансиски е поддржан од Град Скопје. Овој проект има за цел да поттикне што повеќе млади луѓе да го користат велосипедот како основно превозно средство, да ги подобри условите за велосипедистите како и да ја подобри сообраќајната култура.