Насловна / Вести / Нови ознаки за енергетска ефикасност на апаратите за домаќинство

Нови ознаки за енергетска ефикасност на апаратите за домаќинство

Energetska efikasnost oznaki

За три години, апаратите за домаќинство ќе носат нови ознаки за енергетска ефикасност. Наместо досегашните кои ги вклучуваа и за многумина збунувачките „+“ знаци, новите ознаки ќе бидат во опсегот од „А“ до „G“, при што „А“ означува најниска а „G“ највисока потрошувачка на енергија. „Плусевите“ се укинуваат. Ова е договорено меѓу преговарачите од Европскиот парламент и Совет. Овие нови ознаки во трговијата ќе бидат видливи дури во 2020 година, а скалата во иднина ќе се надоградува, откако 30% од производите кои се во продажба ќе припаѓа на енергетската класа „А“. Новиот систем на означување ќе биде дефиниран со низа делегирани акти.

Energetska efiukasnost frizider

Истражувањата покажуваат дека дури 85% од потрошувачите при купувањето на апарат за домаќинство, одлучуваат и врз основа на неговата енергетска ефикасност. Во план е воспоставување на база на податоци со цел купувачите да можат да ја споредуваат енергетската ефикасност на уредите.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top