Најновата урбанистичка студија ќе дозволи во Белград да се градат нови објекти високи до 150 метри. Па така Белград во блиска иднина би можел да добие барем два нови облакодера, пишуваат „Вечерње новости“. Едниот би се ѕидал во близина на хотелот „Југославија“, каде што инвеститор би бил грчки фонд, како и во Блок 41а, каде што заинтересирана за градење е градежната фирма „Напред“.
Во моментов облакодери над 100 метри во Белград се зградите „Београѓанка“, „Ушќе“ и „Генекс“. Новиот урбанистички план на Белград ќе ги одреди точните критериуми на висококатност во главниот град на Србија, по што инвеститорите точно ќе знаат колку смеат високо да градат во зависност од делот на градот.