Познатиот архитект Френк Гери ќе гради пет нови објекти во Sunset Strip, Лос Анџелес. Петте објекти се организирани околу заеднички плоштад и тие немаат голема катна висина поради прилагодливоста кон околните објекти. Два од навенедните објекти се станбени згради со вкупно 247 станбени единици, потоа следува трикатен објект чија што функција е мали трговски единици кој што ќе биде поврзан со внатрешен плоштад каде што може да се одвиваат најразновидни настани.