Насловна / Вести / Нови Nike патики од рециклиран отпад

Нови Nike патики од рециклиран отпад

Обувките направени од отпад веќе се реалност, а оваа пролет на пазарот стигнуваат новите патики Nike направени од рециклиран отпад од истата фабрика. Станува збор за колекција која го носи името space hippie,  со четири модели на сива боја и груб изглед. За изработка на овие патики користен е отпадот кој се собирал на самиот под од фабриката. Поради одржливиот пристап, ова се патики со најнизок јаглероден отпечаток досега. Сите се во карактеристично сиво-портокалови тонови, а најмалку 85% од секој модел е направен од еколошкиот материјал кој е добиен од рециклирана пластика и остатоци од маици (како остатоци од другите производи во фабриката). Во продажба ќе бидат од оваа пролет, а цените сеуште не се објавени. Во рекламниот спот, компанијата вели “овие патики се ѓубре“, а колекцијата е инспирирана од животот на Марс. Како што наведуваат, дури ниту дизајнерите и инженерите не биле сигурни дека ќе можат да направат патики од отпадоци. “Но мораа да се обидат во име на нашата иднина“, велат од компанијата.

spacehippie1

spacehippie2

spacehippie3

spacehippie4

Испрати коментар

Scroll To Top