Насловна / Архитектура / Нови мапи кои ја претставуваат бруталистичката архитектура во Париз

Нови мапи кои ја претставуваат бруталистичката архитектура во Париз

Mapa na brutalniot Pariz

Како дополнување на редовната понуда од туристички мапи на Париз, издавачот од Лондон Blue Crow Media ја издаде т.н. „бруталистичка мапа“ на Париз. Оваа мапа содржи обележувања за над 40 париски примероци на бруталистичката архитектура и овозможува еден поинаков начин да се запознае градот преку места кои не се наоѓаат во вообичаената агенда на туристите.

Brutalen Pariz Telecommunications UFO by Nigel Green

Меѓу позначајните проекти кои се лоцирани на мапата, може да се издвојат Maison du Bresil и Седиштето на Комунистичката партија, дизајнирани од страна на легендарните Le Corbusier и Oscar Niemeyer. Изведбите на влијателните француски архитекти  Jean Renaudie, Renée Gailhoustet и Gérard Grandval исто така се обележани во мапата.

Brutalen Pariz laurent-kronental

Називот на поствоената бруталистичка архитектура доаѓа токму од францускиот термин „le béton brut“,  што значи „суров бетон“ . И покрај тоа што овој правец е предмет на многу дебати во последните години, оваа мапа ја одржува позитивната перцепција за него. Картата е двојазична – на англиски и француски јазик.

Brutalen Pariz Choux de Creteil by Nigel Green Brutalen Pariz Bourse_by_Travail

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top