Хотел „Квинс“ и „Тинекс“ ќе стопанисуваат со комплексот „Македонско село“ во наредните 20 години, одлучи Владата. Двата субјекта, сопственост на семејството на некогашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, за етно-селото ќе плаќаат месечна концесија од 3.500 евра со ДДВ, пренесува „Утрински“.
Избраниот концесионер понудил највисока цена на јавното наддавање што се одржало неодамна, а на кое учествувале тројца заинтересирани субјекти. Почетната цена за киријата изнесувала 2.000 евра.
„Тинекс“ и „Квинс“ ќе добијат на располагање комплекс од 12.000 квадратни метри, кој содржи 12 куќи кои се автентични архитектонски од неколку региони во земјата, ресторан, музеј амфитеатар, воденица…
Во етно-селото концесионерот ќе може да врши угостителски и хотелиерски дејности.
Владата летово го доби „Македонско село“ во владение од Министерството за економија. Комплексот почна да се гради во 2011 година и според досегашните изјави чинеше пет милиони евра.
Vo normalnite drzavi bez korupcija. Zakupninata na 20 godini treba najmalku 80% od cenata na izgradba na objektot da pokrie. Kako e kaj nas racunajte vie site koi citate. Korupcija bez granici ima kaj nas, ne mozime ni da se sporedime so niekoj.