Холандскиот пензиски фонд APG Asset Management се подготвува во наредните пет години да вложи околу 500 милиони евра во преземање на постоечките и изградба на нови мали хидроцентрали со моќност до 6 MW во Европа, главно во Скандинавија и на Балканот. За овој проект ангажирана е компанијата Aquila Capital во улога на оперативен менаџер. Добивката во однос на вложените средства во хидроцентралите во Европа во моментот е релативно висока, секако во зависност од локацијата, цената на електричната енергија, трошоците во изградбата и регулаторното опкружување.