Насловна / Вести / Нови фотоволтаици и мали хидроцентрали

Нови фотоволтаици и мали хидроцентрали

novitehynologii solar

Во Македонија расте бројот на мали хидроелектрани и на соларни електрани за производство на електрична енергија. Според ажурираниот Регистар на производители на Агенцијата за енергетика од почетокот на март годинава, во Република Македонија се отворени вкупно 137 енергетски објекти кои ги искористуваат обновливите извори на енергија, со вкупна инсталирана моќност од 87,58 MW и планирано годишно производство од 258.330 MWh електрична енергија. Во списокот се вметнати 95 фотоволтаични електрани, 40 мали хидроелектрани, една ветерница и една биогасна електрана. Во споредба со крајот на декември минатата година, во Регистарот на електроцентрали се впишани нови пет мали хидроелектрани и три соларни централи.

novi tehnologii
За првпат во историјата на Република Македонија, во Регистарот на електроцентрали е впишана и биогасна електрана, чија вкупна инсталирана моќност е 0,997 MW. Изминатата година беше рекордна според бројот на новоотворени енергетски објекти кои продуцираат електрична енергија користејќи ги обновливите извори на енергија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top