Насловна / Архитектура / Нови фотографии од градилиштето на најголемите спирални скали на отворено

Нови фотографии од градилиштето на најголемите спирални скали на отворено

Норвешкото архитектонско биро Snøhetta е ангажирано на проектот на новата опера во Шангај, откако победи на меѓународен конкурс.

Проектирале објект кој наликува на лепеза, а притоа алудира на динамиката на танцот и човечкото тело. Резултатот е препознатлив објект со спирални скали кои го поврзуваат кровот на зградата и околниот терен и и дава карактер на идната оперска куќа за која пишувавме во 2019 година.

4

Посетителите ќе можат да се искачат на врвот на операта… ако имаат сила за тоа бидејќи станува збор за најголемите скали на отворено.

Објектот треба да биде завршен во 2025. година, а една од примарните цели е да привлече широка публика кон традиционалните, класичните и експерименталните перформанси.

Со локација во четвртта Expo Houtan, Grand Opera House ќе биде дел од новиот урбанистички план за Шангај. Проектот има за цел да биде јавно место кое привлекува луѓе од целиот свет и се очекува да стане едно од главните културни знаменитости на Шангај.

2

Проектот е осмислен да ги обедини уметниците и публиката со нова инклузивна визија. Препознатливиот дизајн на лепеза ја симболизира виталноста на танцот, како и чувството на заедништво.

Оваа единствена форма, со својата спирална структура, ги поврзува теренот и кровот, а спиралниот елемент продолжува низ целиот проект.

1

Композитна конструкција

Објектот е целосно во стакло, што ќе овозможи проток на природна светлина во главната сала, создавајќи во истовремено различни амбиенти во внатрешноста во согласност со промената на годишните времиња.

Конструктивно, објектот е поделен на внатрешна армирано-бетонска конструкција и надворешна кровна конструкција, која е проектирана како челично – бетонска композитна конструкција.

„Спиралните конзолни скали се најсложениот дел од конструкцијата“, велат од компанијата Schlaich Bergermann.

3

Плоштад на кров

Централниот дел на Операта се состои од сала со 2.000 седишта со одлична акустика и најсовремена технологија.

Втората бина, со 1.200 седишта, нуди малку поинтимна атмосфера, додека третата бина со 1.000 седишта овозможува флексибилен распоред на седиштата и е наменета за експериментални перформанси.

5

Кровот на Операта исто така ќе функционира и како величенствено место за различни настани, а ќе биде отворен и за индивидуални посети и за големи групи.

Оваа зона ќе биде во форма на плоштад во текот на целата година, кој е отворен 24 часа.

6

134.000 квадратни метри

Екстериерот ќе биде изведен во бела боја, а во внатрешноста од 134.000 квадратни метри ќе доминираат подови од дабово дрво кои се во согласност со акустичните потреби на една опера.

Како што е вообичаена практика, Snøhetta ангажираше локален партнер за овој проект. Станува збор за ECADI (East China Architectural Design and Research Institute), најголемо биро во Кина.

7

Испрати коментар

Scroll To Top