Брзиот урбан раст и зголемениот број катастрофи поврзани со климатските промени, како што се неодамнешните поплави во јужноафриканската провинција КваЗулу-Натал, ја ставија важноста на доброто урбано планирање во Африка во центарот на вниманието.
Урбанистичките планови се сметаат за клуч за постигнување инклузивни, безбедни и одржливи градови. Но, урбанистите со децении тврдат дека за плановите да бидат ефективни и апликативни, неопходно е одалечување од традиционалниот начин на вршење на работите. Ова бара отфрлање на основните принципи при планирање и наместо тоа, избирање на алтернативни форми на планирање кои се насочени, флексибилни и партиципативни.
Урбанистичките планови често се гледаат како колонијални наследства, моделирани според модернистичките визии за утописката урбана иднина. Стратешкото планирање, од друга страна, одговара подиректно на локалните потреби и реалности, особено во контекст на градовите на глобалниот југ.
Доколку се следи траекторијата на планирање во Африка со текот на времето, воочлива е сервилноста кон испреплетените интереси и амбиции на меѓународните, како и на “локалните актери” вклучени во процесот. Доминантниот западен наратив не го зема предвид ова, па поради тоа истите тие тенденции, денес се заменети со принципи на за стратешко планирање. Западниот наратив, вклучително не ги зема во предвид, ниту практиките на глобално ниво.
Конкретно, тој не се занимава со традиционалните планерски пратики во Источна Азија (Кина, Јапонија, Сингапур, Малезија и на други места) и на Блискиот Исток. Исто така, не кажува ништо за влијанието на овие региони врз другите делови на светот, вклучително и урбаната Африка. Истите тие практики, не претставуваат враќање чекор назад во претходната ера, туку служат за да ги штитат политичките интереси и оние на локалните елити.
Постколонијално планирање во Африка
Планирањето од колонијалната ера остава важен белег на африканските градови, во урбаната сегрегација и регулаторните системи како што се менаџирањето со земјиштето и зонирањето. Сепак, во постколонијализмот урбанистичкото планирање ,својот фокус ќе го насочи кон обликувањето на иднината, во улога на важен инструмент за потврдување на националниот идентитет и развој.
Во овој период се изработени низа генерални урбанистички планови низа за постојни и новогенерирани урбани ткива. Тие во себе вклучуваат, диверзитет во однос на меѓународна експертиза, институции и локални чинители, од кои меѓу најистакнатите се вбројуваат грчките, хрватските, унгарските и јапонските планери и архитекти.
1980-тите беа релативно мирен период за планирањето бидејќи главно доминираат програмите предводени од Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. Потоа, во 1990-тите, меѓународните развојни агенции како УН-Хабитат ќе работат на воведување на повеќе стратешки и партиципативни пристапи во планирањето. Исто така ќе се работи и на регулирање и задржување на урбаните јадра во постојните граници без можност за експанзија во тактилните зони, поради силните развојни струи кои се појавуваат каде ќе се јави потребата од адекватно зонирање и поставување на соодветни инфраструктурни решенија од големи размери.
Воскреснувањето на урбанизмот
Првите две децении од 2000-тите, значат нова надеж за урбанизмот во Африка, особено во поглед на имплементирање на нови урбани практики.
Овие нови градови ги одразуваат субјективните амбиции на поедини политички групации, барањата на растечката средна класа за подобрување на животниот стандард, како и зголемениот интерес на странските инвеститори за урбана Африка. Како еден од попознатите инвеститори на новите африкански градови е фирмата со седиште во Москва, Renaissance Capital.
Во однос на третманот на постојните градски ткива, се оди кон прилагодување кон веќеизграденото урбан фонд, по примерот на генералните планови за градовите Лилонгве и Каиро изработени од Јапонската агенција за меѓународна соработка.
Сингапурската Сурбана Јуронг, пак ќе се насочи кон подготовка на урбанистички планови за главниот град на Руанда, Кигали, и Буџумбура во Бурунди, додека кинеските влијанија, иако не се вклучени директно, ќе се чувствуваат преку изработката на најразлични студии, како придружни аспекти кон планската документација.
Урбанизмот во оваа епоха главно ќе ги одбележи геополитичкиот, но и економскиот дискурс на меѓународните и националните интереси кои мора да се во синергија, што од аспект на можности за инвестиции во инфраструктурата, што од аспект на обезбедување на странски инвестиции. Урбаниот развој полека прераснува во императив за контрола и управување со просторните ресурси и моќна општествена алатка за наметување на нов урбан поредок.
Комбинирани пристапи
Факт е дека современото урбано планирање во Африка е производ на симбиоза помеѓу, низа различни интереси, стратегии и визии, стари и нови, впрочем како што е случај со глобалните урбани практики.
Но специфична е тендецијата на инкорпорирање на нови партиципативни елементи и нивно хибридизирање со воспоставените принципи во градовите, додека во други случаи, коегзистираат при што секој има различна улога. Па така урбаните јадра на Акра, Каиро и Кигали се симбол на самоувереноста на африканските визии за планирање и експертизата со локалниот граѓански ангажман.
Ваквата синергија на различни пристапи и практики покажува дека планирањето во Африка е исклучително динамично и ориентирано кон промени, само за себе и надвор од рамките на современите планерски тенденции во останатите делови од светот.