Истражувачите од Универзитетот ETH од Цирих, откриле метода на изградба со помош на роботи, која ќе се користи за изведба на модуларни куќи. Проектот познат под името Spatial Timber Assemblies, користи компјутери за моделирање и создавање на оптимални единици, кои потоа роботите ги изработуваат во серија. Првиот робот зема дрвени греди и ги сече на соодветни димензии. потоа, друг робот изработува отвори за спојување. Потоа, роботите работат во тандем со цел поставување на гредите на соодветно место, а операциите се под контрола на алгоритам кој во континуитет ја пресметува нивната патека на движење.
Компјутерси генерираната геометриска конструкција значи дека модулите на бараат арматурни плочи, со што се доржува потребниот градежен материјал на минимум. Процесот на изградба во кој учествуваат повеќе роботи, е дел од соработката помеѓу Gramazio Kohler Research, ETH Zurich и компанијата ERNE AG Holzbau. Ова е прв голем архитектонски проект кој користи роботи во рамките на Robotic Fabrication Laboratory на ETH Zurich.
Шест вакви модули, користејќи вкупно 487 дрвени греди, ќе бидат префабрикувани во лабораторија пред да бидат транспортирани на градилиштето во Dübendorfu, предградие на швајцарскиот град каде е лоцирана куќата. Таму модулите ќе бидат составени со цел да се формира двоспратна станбена единица со површина од 100 квадратни метри.
Транспарентната мемранска фасада ќе обезбеди видливост на геометријата на дрвената граѓа на објектот. Во објектот ќе бидат применети и 3D технологии за печатење. Проектот е претставен на јавноста во 2017 година, а се очекува негово завршување на лето во 2018 година.