Општина Кисела Вода почна со работни активности за садење на цвеќиња во парковите на своето подрачје. Со овие активности во повeќе месни и урбани заедници заседени се околу илјада цветни садници.
Цветни садници од типот Колеус, Петунија и Импатија се насадени на тревните површини и жандинери во Пинтија, Црниче, 11 Октомври, Цветан Димов, населба и село Драчево. Покрај ова, цвеќиња се садеа и во основните училишта и градинки во Кисела Вода.
Акцијата ќе продолжи да се одвива со засадување на нови илјада цветни садници.
Цветните садници се донација од Градот Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.