Изминатиов период почна поставувањето на нови автобуски постојки по должината на трасите на булеварите „Јане Сандански“, „Партизански одреди“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.
Во текот на 2016 година ќе бидат поставени вкупно 52 нови автобуски постојки кои во најголем број ќе бидат лоцирани на трасите на булеварите „Јане Сандански“ и „Партизански одреди“.
Овој проект е во вредност од 11 милиони денари, а е финансиран од буџетот на Град Скопје и ЈСП-Скопје.
Новите 52 автобуски постојки се надополнување на големиот проект за замена на старите и поставување на нови автобуски постојќи. Во првата фаза на проектот, кој почна да се реализира во 2013 година, поставени се 226 нови автобуски постојки, за што беа одвоени 66 милиони денари од буџетот на Град Скопје.
Prvo sakam da ja pozdravam inicijativata za novi i moderni postrojki. No ne bi bilo ova Skopje ili Makedonija ako nema nekakva utka. Do koga ke pravime nesto novo i nefunkcionalno, pa potoa ke go prepravame. Moze li nesto da se napravi dobro i od prva. Koj li bese mozokot sto zamisli deka nekoj izmoren patnik ke sedne na metalna klupa koga nadvor temperaturata e -10 stepeni.Ne e vazno samo da se potrosat parite treba nesto i da funkcionira. Ke povtoram, ja pozdravuvam ovaa inicijativa koja e poveke od potrebna, no za da ne se frlaat pari bespotrebno prvo razmislete za potrebite na gragjanite, najdete go najsoodvetnoto resenie i potoa so polna parea pravite promeni kakvi sto dolikuva na edna metropola. Vaka klupite ke zjaat prazni a nie i ponatamu ke stoime kraj niv. Pozdrav.