Насловна / Градежништво / Нови 91.000 поврзани LED светилки во Буенос Аирес можат да се контролираат од компјутер

Нови 91.000 поврзани LED светилки во Буенос Аирес можат да се контролираат од компјутер

philips-buenos-aires-connected-lighting-designboom01

Во 2013 година, градот Буенос Аирес објави дека ќе ги замени уличните светилки низ градот со поврзан LED светлосен систем од компанијата Phillips. Во прилог на замената на уличните светилки, Phillips разви наменско решение за градот Буенос Аирес врз основа на т.н. ‘citytouch tele-menagment’ платформа – систем, што им овозможува контрола и употреба на податоци во целина.

Инфраструктурата всушност овозможува следење на секоја светлосна точка во мрежата на индивидуална основа, дозволувајќи оптимално функционирање на секое светлосно тело и програмирање на потенцијални замени или идни задачи за одржување. Системот, исто така, нуди можност да се исклучи или да обезбеди различни нивоа на осветлување, со што драматично би се намалила потрошувачката на енергија до 50% во целиот град

philips-buenos-aires-connected-lighting-designboom02

Белата светлина на LED светлките овозможува подобро фацијално препознавање и пореална перцепција на боите, не само од страна на човековото око туку и од безбедносните камери, што ќе ја зајакне борбата против криминалот. Подобрената видливост и безбедност преку овој систем на Phillips, ќе им овозможи на луѓето комплетно уживање во јавните простори на Буенос Аирес. Распоредот на сите 91.000 светилки на LED системот во главниот аргентински град, се смета дека ќе биде завршен целосно до 2016 година.

philips-buenos-aires-connected-lighting-designboom03

Испрати коментар

Scroll To Top