Холандската агенција за претприемништво (Netherlands Enterprise Agency) објави дека енергетската компанија Vattenfall победила на конкурсот за изградба и управување со „офшор“ ветерните електрани Hollandse Kust 3 i 4. Ветерните електрани ќе бидат изградени во Северното море, ќе имаат по 350 MW, а ќе почнат со работа во 2023 година, соопштено е од здружението WindEurope.
„Овој јавен конкурс уште еднаш покажува дека „офшор“ ветерните електрани веќе сега се многу конкурентни“ изјавил директорот на здружението WindEurope, Giles Dickson.