Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, вчера додели уште 70 нови решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица.
Од вкупно 16.000 барања кои се поднесени од страна на граѓаните во општина Гази Баба, досега се изготвени и доделени околу 3.770 Решенија.
Тимови формирани да постапуваат по барањата за легализација се составени од вработени во општината и дополнително ангажирани волонтери.