Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски потпиша и додели 64 решенија за легализација на дивоградби.
Од општината информираат дека ваквиот транспарентен начин на доделување решенија на граѓаните ја елиминира можноста за фаворизирање при решавање на барањата за легализација на бесправно изградени објекти.
Апелираат до граѓаните оние кои досега не ги комплетирале своите документи да се обратат за консултација до Секторот за урбанизам при општина Ѓорче Петров, со што ќе си го остварат своето законско право за легализација на бесправно изградените објекти.