Во пресрет на одбележувањето на 60 годишното постоење на општина Кисела Вода, денес градоначалникот Билјана Беличанец- Алексиќ, додели нови 45 решенија за легализација на дивоградби, со што, бројот на решени предмети се искачи на 3868.
Градоначалникот Беличанец-Алексиќ пред присутните додаде дека сеуште е голем бројот на барања до општинските служби кои не се комплетирани, односно 3253 граѓани се уште немаат доставено геодетски елаборат, што го оневозможува финализирањето на процесот на легализација и ги повика жителите на Кисела Вода, да побрзаат и да не ги чекаат крајните рокови.