Властите во градот Бриж во Белгија, во 2012 година организирале меѓународен архитектонски конкурс за реновирање и проширување на градската библиотека. Победник на конкурсот било Studio Farris Architect од Антверпен.
Архитектите од ова студио успеале да создадат зграда која битно ќе се разликува од другите. Зградата е прекриена со заʼрѓани кортен (Corten) челични панели кои не бараат одржување, па објектот создава јасен и впечатлив контраст во споредба со опкружувањето.
Од друга страна, ентериерот е во потполно бела боја, и има три различни видови на прозорци кои овозможуваат доволно природна светлина. Токму аголните простори за читање, работните простори и приемниот дел од библиотеката се сместени во близина на овие големи прозорци.