Google објави долгоочекувана функционалност од корисниците на поштенските услуги Gmail и Inbox by Gmail – конверзија на адреси, телефони и контакти во линкови.
Сите веб верзии на двете популарни услуги, а исто така, Gmail и Inbox by Gmail за Android и iOS сега може да конвертираат текст во интерактивни врски, поконкретно телефонски броеви, контакти, обични адреси или мејл адреси, соопшти блогот на Google.
При притискање на линк, создаден од адреса, корисникот оди во Google мапи, телефонскиот број се отвора во телефонска апликација, а електронската пошта – во мејл апликацијата „по дефолт“.
Новата функционалност ќе биде достапна за сите корисници на Gmail и Inbox од Gmail во рок од еден до три дена, велат програмерите на Google.