Насловна / Вести / Новата термоелектрана на лигнит во Грција, започнува со работа во март

Новата термоелектрана на лигнит во Грција, започнува со работа во март

Новата грчка термоелектрана Ptolemaida 5, би требало да биде пуштена во комерцијална работа следниот месец. Тоа значи дека од март во грчкиот електроенергетски систем ќе биде вклучен термо капацитет од 660 MW, дополнително зголемувајќи ја сигурноста во снабдувањето. Изградбата на оваа електрана започнала во 2013 година, а чинела околу 1,4 милијарди евра. Тоа е најголемата единица на лигнит во сопственост на PPC. Овој блок има значително пониски емисии на CO2 од постоечките електрани, благодарение на примената на современите технологии за намалување на емисиите на прашина, како и на азотни оксиди и сулфурен диоксид. Единицата е исто така и многу поефикасна во споредба со другите блокови на лигнит во Грција.

ptolemaida1

Планирано е термоелектраната Ptolemaida 5 да биде последниот блок на лигнит кој ќе биде изгаснат во Грција, означувајќи го крајот на напуштањето на јагленот. Со првобитниот план на PPC, предвидено е електраната да работи до 2028 година, за да до 2030 година биде конвертирана на гас, заедно со зголемување на моќноста на 1.000 MW.

ptolemaida3

Испрати коментар

Scroll To Top